0_Спорт.ПорталФудбал

Премиерлигашите бараат да се создаде голем фонд за помош на клубовите за време на пандемија

Водечките клубови од Премиер лигата побараа фонд од повеќе од милијарда фунти, пренесува „Фајненшл тајмс“. Целта на оваа мерка е да им се помогне на клубовите што земаат заеми со високи каматни стапки за време на пандемија.

Лондон, 5 октомври 2021 (МИА) – Водечките клубови од Премиер лигата побараа фонд од повеќе од милијарда фунти, пренесува „Фајненшл тајмс“. Целта на оваа мерка е да им се помогне на клубовите што земаат заеми со високи каматни стапки за време на пандемија.

Како што е наведено, вкупните загуби на клубовите од првата дивизија за време на пандемијата на коронавирус достигнаа две милијарди фунти, принудувајќи ги да земат заеми за да ги покријат итните трошоци за плата и нови договори.

Фондот треба да помогне да се избегне контакт со доверители при иден приход од трансфери или други трансакции. Така, на клубовите ќе им се обезбеди нов механизам за финансирање што ќе обезбеди кредитна линија од 1-1,5 милијарди фунти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close