Дописници МКДКултураКултура.Портал

Премиера на краткиот филм Break Free во Гостивар

Пред гостиварската публика во големата сала синоќа премиерно беше прикажан филмот на режисерот Ајдин Исалми и сценаристот Артин Селмани, во кој главните улоги ги играат актерот Береда Решит и Анди Исмаили светски првак во модерен танц за деца. Тие двајца играат татко и син кои имаат различни погледи на иднината. Т

Гостивар, 30 ноември 2021 (МИА) – Со премиерата на краткиот филм „Break free“ (ослободување) во центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, беше заокружен проект чија цел е справување со социјалната анксиозност и булизмот кај младите.

Пред гостиварската публика во големата сала синоќа премиерно беше прикажан филмот на режисерот Ајдин Исалми и сценаристот Артин Селмани, во кој главните улоги ги играат актерот Береда Решит и Анди Исмаили светски првак во модерен танц за деца. Тие двајца играат татко и син кои имаат различни погледи на иднината. Таткото посакува неговиот син да биде славен фудбалер, а тој пак, да биде танчар. Во филмот има и сцени во кои детето е на мета на врсниците кои не гледаат со наклоност кон амбициите на нивниот соученик.

Филмот е дел од проект поддржан од програмата Young Cities (млади градови) што во Гостивар го реализираа Демокраси Лаб и Младинскиот центар на заедницата кој ја третира темата со врсничкото насилство низ креативни форми на изразување.

– Го избравме филмот како уметност која емотивно нè движи. Честопати постои јаз помеѓу перцепцијата и работите што не ги гледаме и начинот на кој се обидуваме да ги објасниме. Зборовите некогаш немаат доволно моќ да објаснат духовноста. Затоа се решивме преку слика и филмот да ја визуелизираме социјалната анксиозност со сите нејзини последици, рече Вљора Демири од иницијативата „Брејк Фри“.

Пред премиерата беше изведен и перформанс со изложба „Изгубени можности“ со збирка на вистинити приказни на лица кои биле жртви, а претходно беше одржана работилница за младите од Гостивар.згм/са/

Back to top button
Close
Close