0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

Премиера на детската претстава „Рапунзел“ во Турски театар

НУ Турски театар денеска премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ во адаптација и режија на Џабир Доко.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – НУ Турски театар денеска премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ во адаптација и режија на Џабир Доко.

Улогите ги толкуваат Жале Османи – Рапунзел, Метин Ибрахим – принцот, Инес Радончиќ- вештерката, Ебру Мусли – младата жена, Јеткин Сезаир – младиот човек и Дин Ибрахим – змејот.

Сценографија е на Татјана Блажевска –Христоска, а костимографија на Розе Трајческа – Ристевска

Премиерата според организаторите ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки за заштита од Ковид-19. Воедно, од НУ Турски Театар, најавуваат дека бројот на седишта е ограничен.оџ/лв/

 

Back to top button
Close
Close