Дописници МКДОпштински вести

Преку проектот „Македонија без кал” во беровско Двориште се асфалтираат нови улици

Во рамките на проект „Македонија без кал" во беровското село Двориште, финишираат активностите за подобрување на патната инфраструктура. Во ова село, како што информираат од општината, во тек е реализација на проектот за „Реконструкција на улици во селото Двориште" од влезот во селото, до Чурилско маало.

Берово, 18 ноември 2021 (МИА) – Во рамките на проект „Македонија без кал” во беровското село Двориште, финишираат активностите за подобрување на патната инфраструктура. Во ова село, како што информираат од општината, во тек е реализација на проектот за „Реконструкција на улици во селото Двориште” од влезот во селото, до Чурилско маало. Оттаму посочија дека активностите се реализираат со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, како дел од забрзаниот локален развој и модернизација на македонските општини.

– Во рамките на проектот, се врши реконструкција на локален пат до селото Двориште со должина од 3300 метри, со вкупна вредност, од околу 400 илјади евра и очекуваме работите да бидат завршени во текот на оваа календарска година.

Реконструкцијата на овој пат е по барање на жителите на село Двориште и на општината и очекуваме дека со негова санација ќе се обезбди поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места и значително ќе се подобри  квалитетот на живот на жителите на ова село, истакнаа од општината.

Вршејки увид во градежните активности градондачалникот Звонко Пекевски напомена дека претходно се работеше и на изградба на нов цевкоцод во Двориште.

– На мое големо задоволство, изминатиот период, село Двориште е во градежна експанзија, каде што покрај асфалтирањето на улиците, изграден е и цевковод за вода за пиење, исто така преку Министерството за транспорт и врски и можам да кажам дека согледувајќи ги околностите и споредувајќи го природниот прираст на населението, ги утврдивме овие две работи како приоритет за Двориште. Согласно буџетските можности и во иднина продолжуваме да работиме за подобрување на животот на граѓаните, истакна Пекевски.

Упати голема благодарност до Министерството за транспорт и врски, што  овозможија реализација на инвестицијата со која се решава горлив комунален проблем на жителите од село Двориште чија единствена реализација како што посочи била можна единствено преку проектот „Македонија без кал”. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close