Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Презентирани активностите за една година постоење на Младински центар Кавадарци

Младинскиот центар Кавадарци денеска ги презентираше реализираните активности за една година постоење. Работата на МЦ Кавадарци е заеднички организирана од две младински организации од Кавадарци - Здружение на млади Креактив и Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

Кавадарци, 30 септември 2022 (МИА) – Младинскиот центар Кавадарци денеска ги презентираше реализираните активности за една година постоење. Работата на МЦ Кавадарци е заеднички
организирана од две младински организации од
Кавадарци – Здружение на млади Креактив и Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

Координаторот Ѓоко Нанчев, потсети дека е ова прв ваков центар во државата, согласно Законот за млади. Тој нагласи дека ваквиот пример го копираат и други општини во државата.

Србова Величе, координатор на центарот, говорејќи за активностите на центарот, меѓу другото, се осврна и на заложбите за промоција на човекови права, на креативен начин одбележувањето на празници и меѓународни денови, реализирани работилници за претставување на пазарот на труд и многу други проекти.

За една година, во активностите на центарот учествувале околу 900 млади лица, од кои повеќето редовно се ангажираат во реализација на претходно зацртани цели, што треба да значат, како што беше нагласено, подобар живот за младите.  свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close