Дописници МКДОпштински вести

Презентација на нацрт планот и стратегија за воведување на пешачки зони и зони на смирен сообраќај во Куманово

Во општина Куманово се одржа првата работна средба за нацрт планот и стратегијата за воведување на пешачка зона и зони на смирен сообраќај на подрачјето на градот, соопштија денеска надлежните од Секторот за урбанизам. На презентацијата, посочија, биле презентирани деталите, досега сработената анализа од првичната работна верзија пред претставниците на внатрешните членови од општинските сектори.

Куманово, 1 октомври 2022 (МИА) – Во општина Куманово се одржа првата работна средба за нацрт планот и стратегијата за воведување на пешачка зона и зони на смирен сообраќај на подрачјето на градот, соопштија денеска надлежните од Секторот за урбанизам. На презентацијата, посочија, биле презентирани деталите, досега сработената анализа од првичната работна верзија пред претставниците на внатрешните членови од општинските сектори.

– Проектот за пешачка зона е еден, а паралелно со него нарачани се проекти за зони за смирен сообраќај, десет посебни изработени проекти. Зоните на смирен сообраќај ќе бидат околу сите основни и средни училишта, градинки во градот во централното и поширокото централно градско подрачје. Воведувањето на пешачката зона според предлогот на консултантите треба да се одвива во три фази, со временски период на спроведување од две до десет години, фаза по фаза, изјави раководителката на секторот, Емилија Сларидис Јаневска.

Првично е предвидено да се навикнат граѓаните да ги остават автомобилите и да почнат да пешачат. Според првичната верзија предвидено е да се затвори улицата помеѓу двата плоштади, втората зона предвидува поширок опфат на затворање на улиците, третата уште поголем.

Пешачката зона и зоните на смирен сообраќај се дел од донесениот План за одржлива урбана мобилност (ПОУМ) за општина Куманово. Целта на планот е да стави акцент на активно вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот на планирање до модел на оптимални трошоци и иновативност, зголемување на удобноста на живеењето на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните, пристап до нови извори на финансирање и пред сè, подобра слика на градот. Со ваквото планирање се нагласува потребата од поголем простор за граѓаните, зеленилото, подобрување на јавниот превоз и се дава предност на обезбедување на услови за користење на велосипеди, воспоставување на забранети зони за сообраќај, користење на катни паркиралишта и друго.ам/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close