0_Web_АктуелноМакедонија.СлајдерОпштество

Презентација на наодите од истражувањето „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - ИДСЦС, во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование – ПЦПО, денеска ќе ги презентира наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“.

Скопје, 29 ноември 2021 (МИА) – Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – ИДСЦС, во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование – ПЦПО, денеска ќе ги презентира наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“.Истражувањето се фокусира на ставовите на граѓаните за неколку теми поврзани со политиката и демократијата во државата, со фокус врз општествената побарувачка за популистички лидери и политики во Република Северна Македонија.

Според податоците добиени од истражувањето, мнозинство од граѓаните се согласуваат со тврдењата дека „Политичарите и елитата често го изневеруваат народот“ (86 отсто), „Политичарите повеќе зборуваат отколку што преземаат нешто“ (83 отсто) и „Политичарите кои што тврдат дека ги бранат нашите интереси всушност се грижат само за себе“ (82 отсто).Воведни обраќања на настанот ќе имаат Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.Наодите од истражувањето на јавното мислење ќе ги презентираат Влора Речица, истражувачка во ИДСЦС, Миша Поповиќ, постар истражувач во ИДСЦС, Јован Близнаковски од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и надворешен соработник на ИДСЦС и Тоше Зафиров, заменик-генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.Како што информираат од ИДСЦС, истражувањето дополнително ја мери и тенденцијата на населението кон теории на заговор, како уште еден индикатор поврзан со популистичката реторика која создава генерална недоверба кај граѓаните, како и (не)довербата во демократските институции, која води кон поголема склоност кон популистички лидери и политики. ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close