Дописници МКДОпштински вести

Презентација за користење сончева енергија во Неготино

Користење на сончева енергија за намалување на енергетската зависност на граѓаните и компаниите, проекти и грантови, програми и субвенции за поддршка на компаниите и граѓаните, административна процедура и економска анализа за инвестиција во фотоволтаици за производство на електрична енергија за потребите на граѓаните до шест киловолти и за компаниите, 40 киловолти. Сето ова ќе биде дел од денешната презентација што ја најавуваат од Здружението „Ековита" од Неготино.

Неготино, 18 август 2022 (МИА) – Користење на сончева енергија за намалување на енергетската зависност на граѓаните и компаниите, проекти и грантови, програми и субвенции за поддршка на компаниите и граѓаните, административна процедура и економска анализа за инвестиција во фотоволтаици за производство на електрична енергија за потребите на граѓаните до шест киловолти и за компаниите, 40 киловолти. Сето ова ќе биде дел од денешната презентација што ја најавуваат од Здружението „Ековита” од Неготино.
-Во соработка со нас и Одделение за енергетска ефикасност на Вардарски плански регион, Комората на мал бизнис со поддршка на „Зелената мрежа на социјално претприемништво“ ќе ја презентира платформата GREENITY.NET- мрежа на организации кои испорачуваат широк опсег на програми и услуги за животната средина и одржлив развој, информира Сашко Тодоров, дипломиран инженер биолог и претседател на ,,Ековита”.
Тој додава дека очекуваат заедно со  заинтересирани граѓани, компании и организации,  да се даде придонес во дискусијата за теми и иницијативи за заштита на животна средина и оджлив развој во општина Неготино.
Презентацијата ќе се одржи во 12 часот во салата на општина Неготино. свд/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close