0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерТенис

Прв трофеј во Лејвер купот за тимот на светот

Во Лејвер купот, тимот на светот за прв пат го победи тимот на Европа и го освои трофејот. На вториот ден секоја победа вредеше два бода, додека денес на третиот ден - три.

Лондон, 25 септември 2022 (МИА) – Во Лејвер купот, тимот на светот за прв пат го победи тимот на Европа и го освои трофејот. На вториот ден секоја победа вредеше два бода, додека денес на третиот ден – три.

За Европа оваа година играа Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Матео Беретини.

Светот го претставуваа Феликс Оже-Алиасиме, Тејлор Фриц, Френсис Тиафо, Диего Шварцман, Алекс де Минаур, Џек Сок.

Федерер го одигра последниот турнир во кариерата.

Резултати на денешните мечеви:
Феликс Оже-Алиасим / Џек Сок (Свет) – Матео Беретини / Енди Мареј (Европа) – 2:6, 6:3, 10-8
Феликс Оже-Алиасим (Свет) – Новак Ѓоковиќ (Европа) – 6:3, 7:6
Френсис Тиафо (Свет) – Стефанос Циципас (Европа) – 1:6, 7:6, 10-8
Каспер Руд (Европа) – Тејлор Фриц (Свет) – откажан меч. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close