0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

Прв пораз за пингпонгарите на Младост 96 по цели две години

По цели две години пингпонгарите на Младост 96 од Прилеп ја почувствува горчината на поразот. Последниот пораз тие го забележаа во есента 2019 од градскиот ривал Младост.

Скопје, 22 ноември 2021 (МИА) – По цели две години пингпонгарите на Младост 96 од Прилеп ја почувствува горчината на поразот. Последниот пораз тие го забележаа во есента 2019 од градскиот ривал Младост.

Викендот Крива Паланка 2007 успеа да слави против прилепчани минимално со 4:3. По оваа победа, Крива Паланка 2007 е лидер на табелата со еден бод повеќе од Младост 96. Палнчани досега се единствениот непоразен тим и се наметнуваат како сериозен кандидат за шампионската титула.

Резултати во 6.коло од Суперлигата:
МЛАДОСТ 96 – ВАРДАР 4 : 0
РИСОВИ – ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 3 : 4
ШАМПИОН ФА – РАДОВИШ 4 : 1
РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ 0 : 4

Резултати во 7.коло:
РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ 4 : 3
ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 – ШАМПИОН ФА 2 : 4
ВАРДАР – РИСОВИ 4 : 1
КРИВА ПАЛАНКА 2007 – МЛАДОСТ 96 4 : 3

Одигран е одложениот натпревар од четвртото коло: Младост 96 – Радовиш 4:0. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close