Дописници МКДОпштински вести

Првото бебе во Куманово е машко

Првото бебе во Куманово е машко, родено на 2 јануари во 16:55 часот на Одделот за гинекологија и акушерство при општа болница Куманово, соопштија денеска надлежните од болницата.

Куманово, 3 јануари 2022 (МИА) – Првото бебе во Куманово е машко, родено на 2 јануари во 16:55 часот на Одделот за гинекологија и акушерство при општа болница Куманово, соопштија денеска надлежните од болницата. Новороденчето е четврто дете во семејството Синани. Бебето и мајката денеска добија подароци штедна книшка од надлежните од општината и од менаџментот на болницата кои им посакаа здравје, долг живот, успех и радост. Дополнително од вчера во Куманово на одделението се родени уште четири бебиња.

– Со нетрпение го очекувавме доаѓањето на свет на првото бебе во општина Куманово. Се работи за машко дете родено со царски рез, на мајката ова и е четврта рожба, инаку трет царски рез. Во моментов се чувствуваат добро, ги посетивме им предадовме подароци, во име на градоначалникот, на општа болница, им посакавме да имаат добро здравје, многу среќа, радости во животот-рече директорката на болницата, Снежана Захариева.

Раководителката на одделот д-р Лидија Јовчевска информираше дека ова е четврто бебенце на мајката Миранда Синани. Од болницата велат дека е невообичаено за Куманово како најголема општина во државата да се роди првото бебе дури на втори јануари и нагласија дека Куманово не е исклучок од состојбата во државата каде се раѓаат сè помал број на бебиња.

– Повеќе од 30 години сум тука и можам да кажам дека има тренд на намалувања на број на раѓање. Пред три децении имавме од 2.000 до 1.800 раѓања на годишно ниво, таа бројка низ годините се намалуваше на 1.500, па на 1.000, минатата 2021 се родени 933 бебиња-изјави Јовчевска.

Лекарите посака наредните денови и месеци да расте бројот на новороденчиња во Куманово и одделението за гинекологија и акушерство да има што повеќе работа.

-Тука се доаѓа за нов живот, за убаво, за рожба, радост во семејствата- изјави Захариева. ам/оџ/

 

Таг
Back to top button
Close
Close