Дописници МКДКултураОпштински вести

Прва изложба од ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во Виница

Во изложбениот салон на домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена поставка со дела од 35. меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.

Кочани, 10 мај 2022 (МИА) – Во изложбениот салон на домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена поставка со дела од 35. меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.

На изложбата се претставени 15 уметнички дела, работени во комбинирана техника, акрил и масло на платно, како и три скулптури ситна пластика.

-По повеќе години конечно и во Виница за првпат ги претставуваме делата од нашата ликовна колонија, која годинава го имаше јубилејното триесет и петто издание. Очекувам изложбата овде да биде иницијација за продлабочување на соработката во наредниот период. Годинава на просторот на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка работеа вкупно девет уметници, од кои двајца беа од Украина и Србија, а останатите од нашата земја. Црковниот објект широко ги отвори своите порти за ликовното и духовно творење на уметниците, кои работеа во специфични пандемиски услови и строги протоколи. Задоволни сме што со изложбата во виничкиот дом на културата го заокружуваме претставувањето во овој регион од државата, со оглед што претходно делата ги видоа и граѓаните на Штип, Кочани и Делчево, истакна Јордан Михајловски координатор на колонијата „Св. Јоаким Осоговски“.

Делата од колонијата во домот на културата во Виница ќе бидат изложени во наредните две недели. та/цр

Таг
Back to top button
Close
Close