Дописници МКДКултураОпштински вести

Празнична изложба на книги во градската библиотека во Битола

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ синоќа промовира изложба на книги посветена на празникот на градот, денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември.

Битола, 3 ноември 2021 (МИА) – НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ синоќа промовира изложба на книги посветена на празникот на градот, денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември.

Во фоајето на библиотеката изложени се монографии за Битола, збирка „Битола низ вековите“, публикација „Битола Бабам Битола“, книга посветена на училиштата во Битола со посебен осврт до 1945 година, како и неколку томови книги за Битола и Битолско во народноослободителната војна.

Уредувачкиот одбор на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ одлучи годинава да помести и книги од битолски автори, како и книги поврзани со работата на јавни установи и институции во градот како што се битолскиот театар, УНК „Илинденски денови“, монографија за Радио Битола чиј автор е новинарот Димче Миновски, како и книгата за битолските занаети и еснафи, чиј автор е Милош Хр. Константинов, издание на Македонско научно друштво-Битола од 1961 година.мт/са

Back to top button
Close
Close