Дописници МКДОпштински вести

По втор пат „Поречки фармер-2021“ во село Самоков

Викендов по втор пат се одржа манифестацијата „Поречки фармер-2021“. На оваа манифестација учествуваа 25 земјоделци и сточари од овој регион со свои производи, кои беа изложени на штандовите поставени на ракометното игралиште во село Самоков.

Кичево, 12 октомври 2021 (МИА) – Викендов по втор пат се одржа манифестацијата „Поречки фармер-2021“. На оваа манифестација учествуваа 25 земјоделци и сточари од овој регион со свои производи, кои беа изложени на штандовите поставени на ракометното игралиште во село Самоков.

– На штандовите поставени на ракометното игралиште во село Самоков, беа изложени млеко и производи од млеко, костени, макала, мед и производи на мед, повеќе видови на сирења, поречки ајвар, лутеница, пинџур и се што произведуваат жителите од 20 села во Поречијата, која досега беше малку позната по квалитетната храна, еколошки мед, првокласните костени и другите производи добиени од вредните  жители од овој регион, рече претседателката на оваа манифестација Цанка Џукоска.

Потсети дека оваа манифестација годинава била посетена и од страна на советник во Амбасадата на Република Словенија во земјава, од каде пројавиле интерес за поречките производи кои беа изложени на оваа манифестација, како и претставник од Министерството за земјоделство.

– Наша цел е со „Поречки фармер“ да ги сплотиме сите напредни земјоделци и сточари од Порече кои нешто произведуваат и така окрупнети да можат да се претстават со своите производи и надвор од овој регион. Овој пат беа застапени земјоделски и сточарски производи од 20 села, а за наредните години планираме нивниот број да биде зголемен и бројот на понудени производи уште побогат. Ќе го промовираме Порече како простор погоден за здрава еколошка храна погодна за сечие здравје, додаде Џукоска.

Инаку Џукоска, во село Заград Порече, поседува 70 пчелни сандаци од каде добива првокласен сертифициран органски мед. за/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close