0_Web_АктуелноБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Почнува примената на новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата

Во рамки на зеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, донесен е Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва, кој почнува да се применува од денеска. Целта на новиот Кодекс за корпоративно управување е преку примена на добрите практики на корпоративно управување да се подобри управувањето и контролата во котираните друштва, да се зголеми транспаретноста во нивното работење, да се подобри начинот на кои друштвата остваруваат комуникација со акционерите и инвеститорите и да се воспостават системи за поддршка за успешен развој на домашните компании.

Back to top button
Close
Close