Дописници МКДОпштински вести

Почнува празнувањето на Денот на заштитниците на Струмица

Празнувањето на Денот на заштитниците на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ почнува денеска и ќе трае до 11 овој месец. Во овој период, во повеќе институции, ќе се случуваат концерти, промоции на книги, списанија, монографија и каталог, а главните настани се планирани на 11 декември.

Струмица, 7 декември 2021 (МИА) – Празнувањето на Денот на заштитниците на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ почнува денеска и ќе трае до 11 овој месец. Во овој период, во повеќе институции, ќе се случуваат концерти, промоции на книги, списанија, монографија и каталог, а главните настани се планирани на 11 декември.

За одбележувањето на овој празник денеска на прес конференција информираше градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека овој празник има посебно значење и затоа има посебно одбележување.

– Денот на заштитниците на Струмица ќе започне од утринските часови во црковниот храм „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“, а во 13:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи свечена седница на Советот на Општината на која ќе бидат доделени Годишната награда и Наградата за животно дело на Општина Струмица за 2021 година, рече Костадинов.

Тој повика на заедничко присуство на настаните со кои во наредните денови ќе се одбележува овој голем празник за Струмица, а на кои ќе се почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19.

На новинарско прашање за новогодишното украсување на плоштадот, за кое на предлог на градоначалникот Советот донесе одлука да се намали од 1,5 милиони денари на 400 илјади, тој истакна дека на распишаната јавна набавка не се јавила ниту една компанија.

-Во најкраток можен рок ќе распишеме повторно јавна набавка и тоа што Општина Струмица го планира за новогодишно украсување само на плоштадот, остануваме на тоа и доколку на втората не се јави никој ќе бараме други начини-дали со бизнис секторот, со граѓаните кои сакаат да учествуваат да биде потпомогнато и секако да најдеме компанија која тоа ќе го спроведе, одговори Костадинов. рт/сст/

Back to top button
Close
Close