Дописници МКДКултураКултура.Портал

Почнува ликовната колонија „Дрен 2022“

Од денеска до 3 јули во Прилеп ќе се одржува традиционалната ликовна колонија „Дрен 2022“. Ќе се одржува по 14 пат и во рамките на колонијата ќе творат 16 сликари и скулптори од земјава и од странство.

Прилеп, 27 јуни 2022 (МИА) – Од денеска до 3 јули во Прилеп ќе се одржува традиционалната ликовна колонија „Дрен 2022“. Ќе се одржува по 14 пат и во рамките на колонијата ќе творат 16 сликари и скулптори од земјава и од странство.   

Своите инспирации на платно и во скулптура ќе ги преточат Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка  Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски и Мирјана Крстева Масети и Павлина Илијеска. Почесен гостин на колонијата ќе биде доајенот на македонската скулптура професорот Васил Василев.

Делата создадени на годинашнава колонија ќе бидат претставени на заедничка изложба наесен. Досега, во изминатите 13 години, на Колонијата се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на прилепскиот Центар за култура и на државата.

Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура. ем/свс

Таг
Back to top button
Close
Close