Дописници МКДОпштински вести

Почна украсувањето на Охрид за новогодишните и божикните празници

Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со новогодишни реквизити.

Охрид, 6 декември 2021 (МИА) – Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со новогодишни реквизити.

Украсувањето на градот го спроведуват екипи на „Охридски комуналец“, претежно со украси и реквизити од изминатите години, но ќе има и набавка на нови за што се издвоени средства во износ од околу 20 илјади евра.

На главниот плоштад веќе се поставени типизираните бараки, каде веќе неколку години се организира новогодишниот базар, со продажба на греано вино, слатки, топла ракија, хана и сувенири.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во изјава за медиумите истакна дека се очекува градот да биде посетен за време на престојните новогодишни и божикни празници, со забелешка дека не доликува на туристички центар како што е Охрид да не биде украсен, независно ситуацијата наметната од епидемијата на коронавирусот. Тој најави дека ќе има и организиран дочек на Новата 2022 година на Градскиот плоштад, но сето тоа ќе биде скромно, без големи издатоци за естрадни ѕвезди туку со настап на локални уметници и музичари. аб/нд/

Back to top button
Close
Close