Дописници МКДОпштински вести

Почна спроведувањето на проектот „Потпри се на младите“ за подобрување на секојдневието во руралните општини

Општина Јегуновце се приклучи кон проектот „Потпри се на младите“ чија цел е подобрување на секојдневието во руралните населени места. Проектот беше промовиран денеска во Јегуновце.

Тетово, 5 јули 2022 (МИА) – Општина Јегуновце се приклучи кон проектот „Потпри се на младите“ чија цел е подобрување на секојдневието во руралните населени места. Проектот беше промовиран денеска во Јегуновце.

-Општина Јегуновце е првата општина од каде денеска започнува промоцијата на проектот „Потпри се на младите“, каде младите од руралните средини ќе слушнат како да го подобрат своето секојдневие, активности и живот благодарение на проектниот тим што во наредниот период ќе спроведува активности од проектот и ќе бидат вклучени младите од општина Јегуновце, најави градоначачлникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Општината најави и дополнителни финансиски средства за реализирање на иницијативните кои ќе произлезат од младите од општина Јегуновце. ас/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close