Дописници МКДОпштински вести

Почна поставување бекатон на краци од улицата „Никола Тесла“ во Куманово

Спроед планираното, на овие краци ќе се постави бекатон на околу 450 ментри кавдратни, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Куманово, 17 август 2022 (МИА) – Почнаа подготовките за поставување бекатон на краци на улицата „Никола Тесла“ во Куманово. Спроед планираното, на овие краци ќе се постави бекатон на околу 450 ментри кавдратни, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Посочуваат дека теренот се порамнува и градежните активности веќе се во тек.

– На овие краци поради конфигурација на теренот мора да се постави бекатон. Претходно беше обновена канализациска мрежа, сега се поставува бекатон. Се надеваме дека ќе обезбедиме безбедни за движење на пешаците, изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Општина Куманово летово склучи договор со две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територија на општината за источна и западна страна. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари. За западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др“ од Липково. Општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари. За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари.ам/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close