Дописници МКДКултураКултура.ПорталКултура.СлајдерОпштествоОпштински вести

Почна Лешочкиот камерен музички фестивал

Во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во Лешочкиот манастирски комплекс се одржува првиот новооформен „Лешочки камерен музички фестивал“. Фестивалот се одржува три дена со музички уметници од полошкиот регион како и гости од Србија.

Тетово, 18 септември 2021 (МИА) – Во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во Лешочкиот манастирски комплекс се одржува првиот новооформен „Лешочки камерен музички фестивал“. Фестивалот се одржува три дена со музички уметници од полошкиот регион како и гости од Србија.

-Идејата е на овој фестивал да има музички перформанс на уникатни историско-културно центри како што се прави низ Европа и да бидат застапени музичари од регионот како и гости од странство со цел да има и повеќедимензионален карактер и дружба меѓу изведувачите. Љубишта Кировски е роден во Тетово, се надеваме дека ќе заживее и ќе има традиција овој фестивал, изјава Маја Шутевска Кировска, директорка на фестивалот.

Отворањето беше вчера со соло концерт на Љубиша Кировски на виолина и виола кој изведе програма од Џ.Тартини, Т. Зографски, А. Игудесман како и негови композиции. Вечер од 18 часот настапуваат Миодраг Богиќ на виолина и Бисерка Маровиќ на пијано, двајцата од Србија. Ќе изведат композиции од Ж.Леклер, Л.Ван Бетовен, К. Сен-Сан, С. Рахмањинов и Х. Виењавски.

Четврток, 23 септември, е последниот трет ден од фестивалот со настап на триото Шкељзен Бафтиари на пиано, Лида Алиу на виолина и Енис Аљи на виолоченло со композиии од Брамс и Шестакович.ас/лв/

Back to top button
Close
Close