Дописници МКДОпштински вести

Почна изградбата на фабрика од Грција во кумановската индустриска зона Речица

Почна со изградбата најавената инвестиција од грчката компанија во индустриската зона Речица, Кумановско.

Куманово, 25 мај 2022 (МИА) – Почна со изградбата најавената инвестиција од грчката компанија во индустриската зона Речица, Кумановско.

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска, заедно со претставници од фирмата „ARMOS Balkan“ од Република Грција, ја посети индустриската развојна зона Новини и Речица за да види како се одвива изградбата на фабриката за производство на бетонски префабрикувани елементи.

– Почната е изградбата на фабриката за производство на бетонски префабрикувани елементи во индустриската развојна зона Новини и Речица. Денеска, со претставници од грчката фирма „ARMOS Balkan“ која е инвеститор, бевме во посета на индустриската зона за да видиме како се одвиваат работите при изградбата, инфорира Димитриевски.

Индустриската зона се наоѓа северно од градот кон границата со Република Србија, во индустриската развоја зона Новини и Речица, на автопатот Е 75, Белград-Атина, простирајќи се на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели).

Димитриевски истакна дека се очекува оваа најголема индустриска зона во општината да привлече голем број фирми, преку развивање големи трговски единици.

Претходно, информираше дека се издадени дополнителни две парцели на двајца домашни инвеститори, едната за изградба на хотел, втората за изградба на логистички центар.

Во зоната засега функционираат неколку компании. Зоната почна да се гради со средства обезбедени од Владата, а општината за време на пандемијата организираше и јавно наддавање за заинтересирани домашни и странски инвеститори. ам/мч/

Back to top button
Close
Close