Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Почна гласањето во сите избирачки места во Тетово

Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето во 7 часот и се одвива без проблеми во текот на првиот час, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.

Тетово, 17 октомври 2021 (МИА) – Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето во 7 часот и се одвива без проблеми во текот на првиот час, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.

-Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми со фингерпринт апаратите, освен на поедини места каде имале некои технички потешкотии кои брзо се надминуваат а пример се однесуваат на поврзување со печатач и слично, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.

Право на глас во Општина Тетово имаат 85.484 граѓани. Дел од нив своето право на глас го оствариле вчера, од кои 36 заведени како болни и немоќни и седум лица во изолација поради Ковид-19. ас/рп/

Фото: МИА архива

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close