Дописници МКДОпштински вести

Почна асфалтирањето улици во штипската населба Суитлак

Во штипската викенд населба Суитлак од денеска почна асфалтирање на три улици во должина од еден километар и 400 метри.

Штип, 1 ноември 2021 (МИА) – Во штипската викенд населба Суитлак од денеска почна асфалтирање на три улици во должина од еден километар и 400 метри.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи, а овој инфраструктурен проект чини 3.500.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип. Тој најави дека наскоро ќе се асфалтираат улиците „Панче Караѓозов“ и „Личка“.  

-Во текот на оваа и наредната недела ќе продолжиме и со асфалтирање на улицата „Панче Караѓозов“, зависно од активностите на улицата „Личка“. Исто така по завршувањето на активностите, по поставување на водоводната линија, вели Јорданов.

Посочи дека овие две улици се приоритет бидејќи граѓаните неколку месеци возат и се движат по неасфалтирани улици. вдј/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close