Дописници МКДОпштински вести

Почна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ во Охрид

Почна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ во должина од 677 метри, информира Општина Охрид.

Охрид, 17 мај 2022 (МИА) – Почна асфалтирањето на трите краци од улицата „Даме Груев“ во должина од 677 метри, информира Општина Охрид.

Претходно, според информацијата, овој дел беше партерно уреден, а поставена е и нова атмосферска канализација.

– Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари, стои во соопштението.

Ативностите се дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2022 година. сс/бк/

Back to top button
Close
Close