Дописници МКДОпштински вести

Почна асфалтирањето на патот во село Долно Косоврасти

По претходно реализираните подготвителни градежни активности, во рамки на проектот за реконструкција на две патни делници во дебарското село Долно Косоврасти, денеска почна асфалтирањето на едната од нив.

Дебар, 15 ноември 2021 (МИА) – По претходно реализираните подготвителни градежни активности, во рамки на проектот за реконструкција на две патни делници во дебарското село Долно Косоврасти, денеска почна асфалтирањето на едната од нив.

Станува збор за делницата од Косоврашки Мост до мостот кој ги поврзува населбата со селото Долно Косоврасти, во должина од 600 метри, а деновиве ќе почне асфалтирање на делницата до бањскиот локалитет, во должина од 400 метри.

-Ова е многу значаен проект, како за жителите на селото Долно Косоврасти, така и за бањскиот туризам. Обезбедивме средства во износ од околу 7 милиони денари, од нив над два милиона од владата, додека останатите се сопствени средства на општината. Продолжуваме со проектите кои се во тек но и со нови проекти. Секогаш сме определени да работиме во интерес на граѓаните и општината во целина, рече градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој од блиску го следеше текот на работата.

Тој и синоќа по прогласување на победата рече дека ќе продолжат со многу поголема ангажираност за подобар Дебар, создавање услови за подобар живот, но и за стопирање на миграцијата на младите.

Дука денеска најави почеток на уште неколку проекти со цел подобрување на патната инфраструктура во градот.вт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close