Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Почна асфалтирањето на крстосницата во штипската населба Сењак

Почна поставувањето на првиот асфалтен слој на најфреквентната крстосница во штипската населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека за неколку дена ќе се постави и вториот слој од асфалтна маса.

Штип, 16 мај 2022 (МИА) – Почна поставувањето на првиот асфалтен слој на најфреквентната крстосница во штипската населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека за неколку дена ќе се постави и вториот слој од асфалтна маса.

– Наредните денови ќе се постави и светлосната сигнализација и ќе се почне со уредување на тртотоарните површини на оваа крстосница. Станува збор за инвестиција од 11 милиони денари. Средствата обезбедени од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, вели Јорданов.

Крстосницата во најголемата штипска населба се проширува, со што возилата и пешаците ќе можат безбедно да поминуваат по неа. Инаку. оваа крстосница беше  црна точка во сообраќајот, на која се случуваа незгоди со жртви или тешко повредени учесници во сообраќајот. Крстосницата води  кон две детски градинки и едно од најголемите основни училишта во градот Штип. вдј/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close