Дописници МКДОпштински вести

Почнаа градежните работи за асфалтирање на улица „Вршачка” во Крива Паланка

Општина Крива Паланка денеска ги промовираше теренските активности за асфалтирање на улицата „Вршачка" во село Конопница. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и стручните служби излегоа на терен каде започнаа градежните работи.

Крива Паланка, 17 август 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка денеска ги промовираше теренските активности за асфалтирање на улицата „Вршачка” во село Конопница. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и стручните служби излегоа на терен каде започнаа градежните работи.
– Жителите на улица „Вршачка” во село Конопница наскоро ќе чекорат по нов асфалт.Денес отпочнаа градежните работи на терен и се очекува за неколку дена истите да финишираат. Општината го финансира овој проект, вложуваме во подобрување на патната инфраструктура во секое населено место затоа што секој граѓанин е важен, изјави Митовски.
Митовски вчера потпиш два договори со изведувачот „Цвет компани” ДООЕЛ за два нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка: доизградба на минор-коритото на Крива Река на потегот од спортскиот комплекс кон Бабин Дол,кон излезот на градот и изградба на канализација во село Мождивњак.
Финансиите се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.
-Работите на терен ќе отпочнат во најскоро време, со што ќе се реализираат проектите за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Митовски.ид/

Back to top button
Close
Close