СпортФудбал

Почина Реј Кенеди, поранешниот играч на Арсенал, Ливерпул и Англија

Поранешниот играч на Арсенал, Ливерпул и Англија, Реј Кенеди, почина на 70-годишна возраст.

Париз, 30 септември 2021 (МИA) – Поранешниот играч на Арсенал, Ливерпул и Англија, Реј Кенеди, почина на 70-годишна возраст.

Кенеди освои повеќе шампионски титули во двата клуба, три европски купа со Ливерпул и одигра 17 натпревари за репрезентацијата на Англија од која беше дел од 1976-1980 година.

После Ливерпул играше за Свонси и Хартпул, а својата кариера ја заврши во Ешингтон.

Во 1984 година му била дијагностицирана Паркинсонова болест. ар/дма/

 

 

Back to top button
Close
Close