0_Македонија.ПорталДописници СветМакедонија.СлајдерОпштество

Потрагата по Мартин на Халкидки прекинува на терен, но не запира

По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 јули 2022 (МИА)  –  По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ОФКАТ за МИА објаснуваат дека потрагата не запира, туку прекинува на терен, но продолжува на друго ниво, односно преку адвокати, сослушувања и слично.

За досегашната потрага велат дека пребарале насекаде, во Солунскиот залив и по крајбрежјето од спротивната страна, на Халкидики, но и во Егејското море.

Преку нивниот официјален Фејсбук, од волонтерски спасувачки тим соопштија дека денеска се навршуваат 20 дена без Мартин, а напорите за негово пронаоѓање во изминатиот период не вродија со плод, иако бараа насекаде и со сите средства што им се на располагање.

-Мартин не „припаѓа“ во морето, Мартин припаѓа на земјата и таму, во некој момент треба да се „врати“. Да оставиме неколку дена морето да ја завшри својата рабта со надеж дека ќе ни го врати. Сочувствуваме со неговото семејство и тоа е причината што нема да оставиме случајот да се затвори. Им дадовме ветување на неговата мајка Лидија и на неговиот брат Горан дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата веќе продолжува и на… „друго ниво“, напишаа од ОФКАТ.

Членовите на ОФКАТ од првиот момент беа на терен, во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше крајбрежната служба на Грција.

Мартин исчезна на 9 јули кај Посиди на првиот крак на Халкидики, откако со двајца пријатели влегле во морето и оттогаш му се загуби секаква трага.

Спасувачката акција првично беше за пронаоѓање на тројцата пријатели, кои поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Првиот, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.

Иако вообичаена пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, овој рок беше продолжен по официјалното барање од македонска страна и телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.

Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток на 14 јули, а акцијата продолжи од волонтерски спасувачки тимови. ср/са/

Таг
Back to top button
Close
Close