Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Потпишан кодексот за фер и демократски избори во општина Гостивар

Тројца претставници на политички партии кои имаат кандидати за градоначалници и единствената жена кандидат за градоначалник, денеска го потпишаа  Кодексот за фер и демократски избори во општина Гостивар.

Гостивар, 24 септември 2021 (МИА) – Тројца претставници на политички партии кои имаат кандидати за градоначалници и единствената жена кандидат за градоначалник, денеска го потпишаа  Кодексот за фер и демократски избори во општина Гостивар.

Со чинот на потпишување, според Халит Елези член на Општинската изборна комисија Гостивар, политичките партии се обврзуваат на демократски изборен процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи и во склад со принципите на демократијата.

– Потпишаниот документ треба да биде гарант за спроведување на кампања и избори без инциденти и нерегуларности, подвлече Елези.

Во салата на општинскиот совет, не дојдоа кандидатите за градоначалници на општина Гостивар на ДУИ Невзат Бејта, на Беса Фадиљ Зендели и Алијанса за албанците-Алтернатива, Арбен Таравари, а наместо нив, на кодексот се потпишаа претставници од партиите. Личен потпис стави само кандидтаката за градоначалник Рената Елези од ДПА. згм/цр

Таг
Back to top button
Close
Close