Општински вестиСкопје

Потпишан договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет

Првата детска градинка во населба „Пролет“ ќе започне да се гради кон крајот на октомри, со рок за изведба од 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Скопје, 21 септември 2021 (МИА) – Првата детска градинка во населба „Пролет“ ќе започне да се гради кон крајот на октомри, со рок за изведба од 18 месеци. Изградбата на новата градинка ќе чини 154.243.997 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Како што информираат од општината, согласно развојната програма на Општина Центар и новиот донесен Детален урбанистички план „Пролет“, градоначалникот Саша Богдановиќ, по завршувањето на сите жалбени постапки, денеска го потпиша договорот за изградба на новата детска градинка.

– Градинката ќе биде изградена на вкупна површина од 3 276 метри квадратни, на приземје и два ката. Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални и 2 јасли. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити лизгалки, лулашки и мостови, стои во соопштението од општината.

Надворешното игралиште ќе биде инклузивно и до него ќе можат да пристапат и деца со попречнеост во движење. На надворешниот дел од фасадата е предвидено фасадно поставување на детска болдер карпа. Концептот на градинката е да се обезебеди простор во кој акцентот, пред сѐ, се става во функција на децата и обезбедување на удобен простор за ран развој и нивна игра.

Градинката ќе има и сопствена кујна, која ќе биде изведена по HACCP стандарди, ќе има енергетска ефикасна фасада, греењето ќе биде еколошко – дел на парно, а дел на топлински пумпи.

Со изведбата на овој објект, сите детски градинки во Општина Центар ќе имаат по четири објекти. ар/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close