Дописници МКДОпштински вести

Потпишани договори за стипендирање талентирани ученици и спортисти од Крива Паланка

Потпишани се договорите за стипендирање со новите талентирани ученици, студенти и спортисти од Крива Паланка.

Крива Паланка, 27 октомври 2021 (МИА) – Потпишани се договорите за стипендирање со новите талентирани ученици, студенти и спортисти од Крива Паланка.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска им ги врачи договорите за стипендирање на годинашните добитници на стипендии, осуммина талентирани ученици средношколци и студенти, како и  шестмина спортисти, еден од индивидуални спортови и петмина кошаркарки.

Стипендиите се доделени согласно конкурсот за доделување стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2021/2023 година, како и конкурсот и правилникот за доделување на стипендии на спортисти во екипни и индивидуални спортови за оваа учебна година.

-Овие стипендии се само еден мал стимул и поттик за остварување на уште поголеми успеси и резултати од страна на најталентираните млади и нивниот понатамошен живот, информираат од општината.

Стипендијата ќе се исплаќа за период од девет месеци и изнесува 3000 денари месечно. ид/рп/

 

Back to top button
Close
Close