Дописници МКДОпштински вести

Поставени нови контејнери во Берово

Во рамки на проектот за регионално управување со отпад, Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга" од Берово постави нови контејнери за комунален отпад. Од Општината информираа дека целта е подобрување на јавната чистота во градот. комуналната хигиена во Берово.

Берово, 26 октомври 2021 (МИА) – Во рамки на проектот за регионално управување со отпад, Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” од Берово постави нови контејнери за комунален отпад. Од Општината информираа дека целта е подобрување на јавната чистота во градот. комуналната хигиена во Берово.

– Во насока на подобрување на јавната чистота и комуналната хигиена, контејнерите се поставени на територијата на општина Берово, при што ќе се олесни начинот на управување со отпадот во селата Мачево, Митрашинци, Будинарци, Смојмирово и Владимирово, посочија од Општината.

Оттаму најавија дека во понатамошната фаза ќе бидат поставени контејнери и во селата Русиново, Ратево и Двориште.

– Во рамки на истиот проект, ЈПКР „Услуга” неодамна го збогати возниот парк, со специјални камиони за транспорт на смет, како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија, посочија од Општината.

Со имплементацијата на овој регионален проект за управување со отпад, како што дополнија, во голема мера ќе се подобри квалитетот на живот, ќе се зајакне заштитата на животната средина и ќе се поттикне локалната и регионалната економија. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close