Дописници МКДОпштински вести

Поставени информативни табли за обележување на каменичкиот параклис „Св.Спас“

Поставени информативни табли за обележување на параклисот ,,Св.Спас” кај месноста Каменички Рид во атарот на Каменичкото село Тодоровци. Како што истакнаа донаторите со поставувањето на информативните табли целта е посетителите подобро да се насочат кон црквичката ,,Св.Спас”, чија изградба се уште не е завршена.

Македонска Каменица, 27 септември 2021 (МИА) – Поставени се информативни табли за обележување на параклисот ,,Св.Спас” кај месноста Каменички Рид во атарот на Каменичкото село Тодоровци. Како што истакнаа донаторите со поставувањето на информативните табли целта е посетителите подобро да се насочат кон црквичката ,,Св.Спас”, чија изградба се уште не е завршена.

-Информативните знаци се наша лична донација, со која сметаме дека ќе помогнеме да заживее овој параклис кој често е посетуван, но поголем дел од граѓаните не можеа да го пронајдат токму поради несоодветното обележување, истакнаа донаторите Борис Караѓозов и Горан Антовски.

Параклисот „Св.Спас“ во Македонска Каменица започна да се гради на иницијатива на делчевката Драгица Велиновска, по потекло од каменичкото село Тодоровци која со помош на пријатели, роднини и добри луѓе, параклисот досега го има изградено до кров.

Секоја година на ова место верниците се собираат на празникот Вознесение Христово, како и на други празници, а последниот заеднички ручек се одржа на празникот Мала Богородица.вс/свс

Back to top button
Close
Close