Сервисни информацииСкопје

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, утре ќе има посебен сообраќаен режим.

Скопје, 14 мај 2022 (МИА) – Поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, утре ќе има посебен сообраќаен режим.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, велосипедската трка почнува во 09:45 часот од Музејот на град Скопје по што продолжува по булеварот „Св. Климент Охридски“, булеварот „Мајка Тереза“, улицата „Тодор Александров“, локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно, „Милениумски Крст“.

Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред основното училиште „Кочо Рацин“ и продолжува по улицата „Тодор Александров“ и улица „Салвадор Аљенде“, ридско пешачките патеки кон Средно Водно и од Средно Водно кон Милениумскиот крст.

-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, е наведено во соопштението од Министерството. свс/бак/

Таг
Back to top button
Close
Close