
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) – Португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте е новото засилување на РК Вардар 1961.
Како што информираат од клубот, тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.ар/лв/