0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11.

Скопје, 25 ноември 2021 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево во Скопје загуби од Северна Ирска со 0:11.

Во меч којшто се играше во рамките на европските квалификации Д-група за пласман на Светското првенство 2023, гостинките доминираа и уште во раната фаза ставија јасно до знаење кој ќе ги освои трите бода. Веќе на полувреме имаа предност 7:0.

Двете репрезентации на 29 ноември во Белфаст ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар.

По пет одиграни средби, Македонките останаа на три освоени бода и се претпоследни (5. место) на табелата, Северна Ирска стигна до 10 бода и се изедначи со второпласираната Австрија која има натпревар помалку.
Лидер е Англија со максимални 12 бодови од четири натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close