Дописници МКДОпштински вести

Поради најава за обилни снежни врнежи и поларни температури, општина Дебар со апел да се намали движењето

Поради најавата за обилни снежни врнежи и минусни температури со посебно известување општина Дебар се обрати до граѓаните.

Дебар, 21 јануари 2022 (МИА) – Поради најавата за обилни снежни врнежи и минусни температури со посебно известување општина Дебар се обрати до граѓаните.

– Поради тоа што метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи од снег во наредните денови и температури под 0, апелираме до граѓаните движењето да го сведат на минимум и  доколку немаат непходна потреба да не избегнуваат надвор од своите домови, стои во објавата на Фејсбук.

Во исто време, ги замолуваат сопствениците на патнички моторни возила да не паркираат на тротоарите и локалните улици во градот за да се овозможи непречено чистење на снегот,  а трговците и другите деловни субјекти да го расчистат снегот пред нивните објекти.

По обилниот дожд што го зафати подрачјето во текот на ноќта, од изутринава со различен интензитет паѓа снег, кој засега не создава поголеми проблеми.

Според најавите од албанските метереолози во пограничната општина, Булќиза, која е во близина на Дебар, се очекуваат поларни температури до -18 степени целзиусови. вт/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close