Дописници МКДОпштински вести

Поради бактериолошка неисправност забрането користење на водата од локалните водоводи во пехчевските села Црник и Панчарево

Водата за пиење од локалните водоводи во пехчевските села Црник и Панчарево да не се користи за пиење од страна на жителите, соопштија од Општина Пехчево, по добиеното известување од Центарот за јавно здравје во Кочани. Во известувањето се вели дека согласно испитаните параметри за бактериолошка анализа на водоводите пронајдено е зголемено присуство на колиформни бактерии, поради што соодветно на тоа се препорачува водата да не се користи за пиење, лична хигиена, миење на свежо овошје и зеленчук и подготовка на храна.

Пехчево, 26 ноември 2021 (МИА) – Водата за пиење од локалните водоводи во пехчевските села Црник и Панчарево да не се користи за пиење од страна на жителите, соопштија од Општина Пехчево, по добиеното известување од Центарот за јавно здравје во Кочани. Во известувањето се вели дека согласно испитаните параметри за бактериолошка анализа на водоводите пронајдено е зголемено присуство на колиформни бактерии, поради што соодветно на тоа се препорачува водата да не се користи за пиење, лична хигиена, миење на свежо овошје и зеленчук и подготовка на храна.

-Општина Пехчево ја информира јавноста дека согласно податоците за извршените испитувања на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, водата за пиење од локалните водоводи во с.Црник и село Панчарево не се препорачува за пиење, лична хигиена, миење на свежо овошје и зеленчук и подготовка на храна. Се препорачува за потребите на населението водата од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево пред користење да се преврива барем 10 минути, истакнаа од Општината.
Општина Пехчево, како што додадоа, презема вонредни мерки за заштита на населението од заразни болести и подобрување на кавалитетот на водата за пиење и соодветно на тоа на 27.11.2021 година (сабота) во периодот од 10:00 – 14:00 часот  од страна на ЈКП Комуналец Пехчево ќе се спроведе вонредно чистење и филтрирање на локалните водоводи во селата Црник и Панчарево.
-По постапката на филтрирање, водата за пиење од локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево нема да може да се користи (освен како техничка вода) во текот на следните 24 часа. Општина Пехчево во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани ќе продолжи да врши анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење и соодветно за тоа веднаш по вонредното третирање (чистење и хлорирање на системите на локалните водоводи во с.Црник и с.Панчарево) ќе изврши и вонредна проверка и анализа на водата за пиење во овие населени места, додадоа од Општината.
Оттаму дополнија дека остануваат силно посветени на решавањето на проблемот со квалитетот и квантитетот на водата за пиење во селските населби, кои не се приклучени на системот за снабдување со кој стопанисува ЈКП ,,Комуналец” и оттаму како единствено решение за надминување на тековните проблеми со осцилациите во исправноста на водата за пиење во с.Црник и с.Панчарево ја посочија изградбата (доградба) на водоснабдителни системи во овие населени места и нивно превземање за управување и контрола од страна на ЈКП ,,Комуналец” Пехчево.вс/бт/

Back to top button
Close
Close