Дописници МКДОпштински вести

Попладнево реактивиран сообраќајниот влез во Битола од странатата на Ресен

Попладнево реактивиран е сообраќајниот влез во Битола од страната на Ресен, со што заврши неколкумесечниот прекин и пренасочување на сообраќајот за влез од западната страна во Битола.

Битола, 14 јануари 2022 (МИА) – Попладнево реактивиран е сообраќајниот влез во Битола од страната на Ресен, со што заврши неколкумесечниот прекин и пренасочување на сообраќајот за влез од западната страна во Битола.

Од Општина Битола информираа дека реализиран е склучениот договор „Реконструкција со доградба на пропуст над река Курдерес на улица Довлеџик“ и извршено е пробно товарење со цел пуштање во сообраќај на овој доста фреквентен патен правец.

Увид врз реализацијата на проектот изврши градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, и тој беше информиран дека објектот е изведен согласно основниот проект и постоечките технички прописи и нормативи. За сите вградени материјали, доставени се сертификати и извршени се испитувања на арматурата и бетоните. Согласно денешното пробно товарање и добиените резултати од терен, пропустот на западниот влез во Битола од попладнево е пуштен во сообраќај, соопштија од Општина Битола. мт/дма/

Back to top button
Close
Close