Дописници МКДОпштински вести

Пописот во Дебарско при крај, четворица попишувачи помагаат во Струга

Во пописен реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, пописот на населението, домаќинствата и становите е при крај, изјави за МИА Решат Ќормемети, претседател на пописната комисија.

Дебар, 27 септември 2021 (МИА) – Во пописен реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, пописот на населението, домаќинствата и становите е при крај, изјави за МИА Решат Ќормемети, претседател на пописната комисија.

-Пописните активности на нашето подрачје се во финална фаза. Во текот на целиот месец немаше никакви проблеми. Граѓаните ги примаа без никаков проблем попишувачите и ги даваа потребнте податоци. Попишувачите сè уште се на терен и можам со сигурност да кажам дека нема никаква можност на ова подрачје да остане непопишан ниту еден граѓанин, додаде Ќормемети.

Дека тоа е така, потврда е и податокот дека четворица теренски попишувачи од овој пописен реон веќе се на припомош во Струга.

Оваа значајна статистичка операција се реализираше според сите предвидени протоколи, а попишувачите во станбените згради, на што бевме и ние сведоци, попишуваа во ходниците, додека во индивидуалните куќи – во дворовите.

Пописниот реон 24 опфаќа 95 пописни кругови, од нив 62 во општина Дебар, додека останатите 33 во општина Центар Жупа. На терен беа 43 теренски попишувачи и шест инструктори. вт/хс/

Back to top button
Close
Close