0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Полицијата го штити Нејмар кога изведува корнер (видео)

Полицајци со штитови го бранеа напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар при ударите од корнер, синоќа на натпреварот од 11. коло против домаќинот Марсеј.

Марсеј, 25 октомври 2021 (МИА) – Полицајци со штитови го бранеа напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар при ударите од корнер, синоќа на натпреварот (0:0) од 11. коло против домаќинот Марсеј.

Органите на редот го заштитија играчот од навивачите на домашната екипа кои фрлаа разни предмети од трибините.

-Лудило во Марсеј ??? – стои на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа на што е изложен Нејмар при ударите од аголот.

Ривалството меѓу ПСЖ и Марсеј е едно од главните конфронтации во францускиот фудбал, а натпреварите меѓу овие екипи се нарекуваат „Ле Класико“ или „Дерби на Франција“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close