0_Спорт.ПорталФудбал

Покетино: Рамос не го има најдобриот период, но тој е силен

Главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, зборуваше за дефанзивецот на тимот, Серхио Рамос.

Париз, 14 октомври 2021 (МИА) – Главниот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, зборуваше за дефанзивецот на тимот, Серхио Рамос.

Триесет и петгодишниот фудбалер се уште нема играно за својот нов клуб поради повреда на телето.

  • За жал, Рамос се уште не тренира со тимот, но тој е блиску до тоа. Да се ​​надеваме дека ова ќе се случи што е можно поскоро. Задоволни сме од напредокот во неговата рехабилитација. Тој е голем шампион, никој не се сомнева во неговото ниво и талент. Сега не го има најдобриот период, но е силен. Нема сомнение дека Рамос е еден од најдобрите централни бекови во светот, изјави Покетино.

Рамос кој минатата сезона се мачеше со повреди, по доаѓањето во ПСЖ, повторно се повреди (левото колено) и е надвор од терените од почетокот на сезоната. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close