Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Пожар во куќа во кумановски Средорек

Горела семејна куќа во кумановската населба Средорек, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во пожарот нема повредени лица.

Куманово, 26 ноември 2021(МИА) – Горела семејна куќа во кумановската населба Средорек, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во пожарот нема повредени лица.

Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 02:50 и го гаселе две противпожарни возила и шестмина пожарникари, информираа од кумановската противпожарна единица.

И екипа на СВР Куманово извршила увид. Оттаму информираа дека куќата е во сопственост на 42 годишниот Ј. О.

Пожарот е изгаснат во 04:45 часот. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close