Дописници МКДОпштински вести

Пожар во атарот на каменичкото село Цера

Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по што нивна екипа се упатила кон атарот на ова село.

Македонска Каменица, 17 јануари 2022 (МИА) – Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по што нивна екипа се упатила кон атарот на ова село.

– Во моментот се утврдува точната локација, по што ќе знаеме и повеќе детали за видот и обемот на пожарот, информираа од ТППЕ од М.Каменица

Случајот го пријавиле жители на село Косевица, според кои најверојатно станува збор за пожар од поголем обем.
Ова е прва интервенција на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица во новата 2022 година. вс/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close