0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци - Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Скопје, 7 август 2022 (МИА) – Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.
Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.
На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.са/
Фото: МИА архива

Таг
Back to top button
Close
Close