Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Пожарникарот Дарко Коцев овластен за командир на ТППЕ-Штип

Пожарникарот Дарко Коцев од денеска е овластен да ја извршува функцијата командир на Територијалната противпожарна единица Штип. Оваа одлука ја донел градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов откако вчера е сменет Тони Атанасов и е поставен на позиција курир во општината. Јорданов појаснува дека ова е само привремено кадровско решение и тоа е додека да се избере нов командир ТППЕ-Штип.

Штип, 27 јануари 2022 (МИА) – Пожарникарот Дарко Коцев од денеска е овластен да ја извршува функцијата командир на Територијалната противпожарна единица Штип. Оваа одлука ја донел градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов откако вчера е сменет Тони Атанасов и е поставен на позиција курир во општината. Јорданов појаснува дека ова е само привремено кадровско решение и тоа е додека да се избере нов командир ТППЕ-Штип.

– Во овој момент овластивме внатршно вработено лице, пожарникар кој што досега работи во оваа единица, кој со овластување практично ќе ја врши оваа должност. Станува збор за лицето Дарко Коцев кој е долгогодишен пожарникар во ТППЕ Штип. Во постапка сме на распишување  оглас за избор на командир на ТППЕ Штип, вели Јорданов.

Коцев е предложен на градоначалникот од страна на неговите колеги пожарникари.

Новиот командир со овластување задачата ќе ја извршува се до моментот додека не се избере официјално нов командир. Коцев ќе си ја прима пожарникарската плата, а дополнително ќе мора да ги координаира и раководи со Противпожарната станица се додека не се избере нов командир.вдј/лв/

Back to top button
Close
Close