Дописници МКДОпштински вести

Пожарникарите волонтери од Кочани се вклучија во иницијативата за донирање новогодишни пакетчиња

Педесетината пожарникари волонтери од Доброволното противпожарно друштво од Кочани се вклучија кон националната иницијатива „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од општината, а кои живеат во социјален ризик.

Кочани, 6 декември 2021 (МИА) – Педесетината пожарникари волонтери од Доброволното противпожарно друштво од Кочани се вклучија кон националната иницијатива „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од општината, а кои живеат во социјален ризик.

На неколку локации во градот веќе се поставени кутии за донирање подароци и пакетчиња што пред Нова Година ќе им бидат дадени на децата од загрозените семејства.

– По повод Светскиот ден на волонтерите, се вклучивме во оваа хумана и благородна иницијатива што се спроведува на терититоријата на целата држава. Нашите волонтери поставија кутии во кои граѓаните ќе можат да ги остават пакетчињата. Одбрани се прометни места како што се кафе баровите „Ла Спеса“ и „Класик“, маркетите „Кај Тоше“ и „Разнопромет“, како и во станицата за технички преглед на возила „Кузе Моторс“. Секој може да остави пакетче и со тоа да даде свој придонес за повеќе насмевки кај најмалите, истакна Златко Илиев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Во рамки на своето хумано дејствување, Друштвото неодамна оформи тим од волонтери со едно теренско возило, што ќе биде на располагање за превоз на лица, храна и лекови за жителите на селата во планинскиот регион на општината.та/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close