Дописници МКДКултураКултура.ПорталКултура.СлајдерОпштински вести

Поетот Борче Панов добитник на Светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година

Поетот Борче Панов од Радовиш, кој во последно време е еден од  најпреведуваните македонски поети во светот, ја доби светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година.

Радовиш, 28 септември 2021 (МИА) – Поетот Борче Панов од Радовиш, кој во последно време е еден од  најпреведуваните македонски поети во светот, ја доби светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година.

 

-Честа е голема, бидејќи ја добивам како прворангиран поет во силна конкуренција од светски познати поети помеѓу кои се Фалеха Хасан од Ирак/САД, номинирана за Пулицерова награда, Купријанов Вјачеслав од Русија, еден од најголемите руски поети денес, Лидиа Чиарели, Мај Ван Пен од Виетнам, Ванг Гуилин од Кина и други кои се книжевни ѕвезди во нивните земји, универзитетски професори, амабасадори на мирот, амбасадори на културата, основачи и раководни лица во разни светски литературни фондации и поетски движења и асоцијации, како и промотори на модерната интернационална поезија, рече Панов.

Наградата му е доделена од Одборот на судии за литература од Европа, Америка и Африка составен од шест судии од Турција, Италија, Шведска, Република Северна Македонија, Чиле и Капе Верде (Република Зелен ’Рт), кои одлучувале од 600 селектирани апликации со по 20 песни од секој поет од цел свет. рт/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close